Белгиските медиуми јавуваат дека познатиот белгиски фудбалер Раџа Наинголан е уапсен утрово и моментално се наоѓа во полициска станица.
Се нагласува дека во рамките на истрагата за шверцот на кокаин од Јужна Америка во Европа, правдата тропнала и на вратата на 36-годишниот играч на Локерен.
Неговиот распит во моментов е во тек, а белгискиот јавен обвинител најави дека нема да има детали и коментари за истрагата која е во тек.
Контроверзниот фудбалер за деловен партнер го има Ибрахим Ахмадун, кој претходно бил поврзан со увоз на кокаин, а бил осуден во САД во 2016 година.
Клубот веста за новиот фудбалер ја дозна преку белгиските медиуми и само кратко се огласи по ова прашање.
– Бидејќи истрагата се уште е во тек, полициските служби не сакаат и не можат да дадат дополнителни коментари. Тие го почитуваат принципот на презумпција на невиност и како клуб се согласуваме со тоа. Можеме само да потврдиме дека играчот утрово не бил присутен на тренингот – се вели во соопштението.
