Уапсен премиерот на БиХ, Фадил Новалиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уапсен е Фадил Новалиќ, премиер на Федерацијата БиХ, откако бил испрашуван во својство на осомничен во Државната агенција за истрага и заштита, дознава „Аваз“

Тој во оваа агенција поминал повеќе од шест часа, а осомничен е за аферата „Респиратори“ тешка 10,5 милиони конвертибилни марки.

За потсетување, освен него синоќа се уапсени и Фахрудин Солак, директор ФУЦЗ и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“.