Уапсена Турчинка во Штип, нападнала полицајка за време на судски процес!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 27.11.2025 во 12:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода А.К.(52) од Р.Турција, која во моментот престојува во Штип, поради тоа што физички нападнала полициска службеничка, која била работно ангажирана за физичко обезбедување за време на судски процес кој што се одвивал во Апелационен суд Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.