Уапсени 3 лица – пронајдени солзавец, пушки и муниција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 16.03.2023 околу 08.00 часот на полигонот Стенковец, на подрачјето на Скопје, полициски службеници од Полициска станица Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.А.(69), Ж.Н.Д.(64) и Ј.К.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени солзавец, пушка „shoebill“ кал.40мм, пушка „antiriot“ кал. 37/38мм, 3 парчиња муниција кал.40 мм, 17 парчиња муниција кал. 37/38мм за кои не поседувале никаква документација и немале добиено дозвола за пробно гаѓање од АРМ.

Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.