Голема полициска акција вечерва низ Македонија.
Според информациите, акциите се во Струмица и Гевгелија.
ТВ21 од свои извори дознава дека уапсени се 35 цариници и полицајци.
Апсењата се поради несовесно работење во службата, како и земање на мито.
Акцијата се спроведува во координација со Специјализирано јавно обвинителство, кое е надлежно за гонење на кривични дела, вклучително и оние извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.