Уапсено 20-годишно момче поради кражба на електричен тротинет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 05.06.2021 во 18.30 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ по член 236  од Кривичниот законик.

Кај него бил пронајден електричен тротинет, кој претходно тој го украл.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ФОТО: Архива