Турската полиција уапси лице кое е осомничено за поставената бомба што експлодира вчера во пешачка зона во Истанбул, при што загинаа шест, а ранети се најмалку 60 лица.
Бомбата експлодираше во 16:20 часот по локално време на улицата Истиклал, во момент кога имаше многу пешаци.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот и го нарече терористички акт. И натаму никој ја нема превземено одговорноста за нападот.
Осомниченото лице е поврзано со Курдистанската работничка партија (ПКК), а министеро Сојлу се закани со одмазда. ПКК и во ЕУ и САД има статус на терористичка организација.
Улицата Истиклал исто така беше цел на терористички напад и во 2016 година.
