Убава вест: Меган Маркл и принцот Хари чекаат уште едно дете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл потврди дека тие очекуваат второ дете.

Портпаролот истакна „може да се потврди дека Арчи (2) ќе стане постар брат“, објави „Гардијан“.

„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе добие брат или сестра. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што во нивното семејство влегува уште едно дете“, изјавил портпаролот за списанието „Пипл“

Среќната вест доаѓа по трагедијата што парот ја доживеа минатата година. Имено, Меган имаше спонтан абортус во јули минатата година.