Американскиот новинар Брент Рено е застрелан во градот Ирпин во близина на Киев, соопшти полицијата.
Шефот на киевската полиција Андриј Небитов изјави дека бил цел на руски војници. Други двајца новинари се повредени и пренесени во болница.
Тоа е прва пријавена смрт на странски новинар кој известува за војната во Украина.
Циркулираат фотографии на кои е прикажана прес-идентификација за Рено што ја издал весникот Њујорк Тајмс.
Во соопштението, од весникот велат дека се тажни кога слушнале за смртта на Рено, но дека тој не работел за весникот во Украина.
Последен пат работеше за весникот во 2015 година, соопшти NYT, а идентификацијата за печатот што ја носеше во Украина беше издадена пред неколку години. Не е јасно за кого работел Рено во Украина.
Response from a New York Times spokesperson in regard to the death of Brent Renaud in Ukraine. pic.twitter.com/K11eW685yr
— NYTimes Communications (@NYTimesPR) March 13, 2022
