Мечката која рани пет лица во Словачка, е убиена, рече тамошниот министер за животна средина. Видео снимката од мечката која трчаше по улиците на градот Липтовски Микулаш стана вирална. Тоа се случи пред 10 дена, а на полицијата толку и требаше да и влезе во трага. Убиена е вчера во една шума во околината.
За идентификација на мечката користени се дрон и биометриска технологија, рече министерот за животна средина Томас Тараба.
Минатата недела беше прогласена состојба на зголемена подготвеноство регионот поради нападот, во кој беа повредени пет лица, меѓу кои и едно 10-годишно девојче. Две лица завршија во болница со тешки повреди и гребаници.
Мечката се проценува дека има три години и тешка била околу 70 килограми.
ФОТО: Архива
