Тежок настан го потресе Гостивар! 53-годишна жена од селото Равен исчезнала, а потоа била пронајдена мртва!
На 9 декември, според соопштението на полицијата, синот на жртвата, Ј.М., пријавил дека неговата мајка Х.А. се оддалечила од домот и не одговарала на телефонските повици. При проверка на безбедносните камери, тој забележал дека два дена претходно, на 7 декември, била видена како влегува во автомобил марка „Фиат“.
Но сомнежите му се зголемуваат кога забележува дека ноќта меѓу 6 и 7 декември, едно лице – подоцна идентификувано како С.М. од селото Неготино – влегло нивната куќа и, според неговата изјава, земал пари од една просторија.
Полицијата веднаш започнува со истрага. По анализирање на видео-снимките и телефонските повици, С.М. станува главен осомничен. На 11 декември тој е уапсен под сомнение дека ја принудил Х.А. да замине со него.
„Според пријавите, станува збор за присилно одведување од домот. Полицијата веднаш презеде мерки за пронаоѓање на лицето.“, вели Фатмир Реџепи.
Во текот на истражната постапка, полицијата утврдува дека С.М. дал лажен исказ. Воедно, телефонските податоци покажуваат дека последниот контакт на жртвата бил токму со него, на 7 декември. Со судска наредба се врши претрес во неговиот дом во Неготино. Токму таму случајот добива пресврт.
„Лицето е уапсено и со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом, при што е уапсена и неговата сопруга. Во службениот разговор во полициската станица, таа признала дека нејзиниот сопруг ја убил сега починатата и го покажала местото каде што ја закопал.“, вели Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
„На патот зад мене, С.М. од Неготино, општина Врапчиште, ја закопал 53-годишната Х.М. од селото Равен, општина Гостивар. Полицијата синоќа успеа да го пронајде нејзиното тело. Нашите информации велат дека телото било најдено откако бил лоциран нејзиниот мобилен телефон.“, вели репортерот на ТВ21
Телото е испратено на обдукција, а истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот.
