Две ученички од Индија, со помош на слики од телескопот на Универзитетот на Хаваи, откриле астероид што се движи кон Земјата, објави Индискиот институт за вселенско образование.
Астероидот во мигов е блиску до Марс и се очекува да ѝ се доближи на Земјата за околу еден милион години, објави Спејс Индија – приватен институт каде што учат 12-годишните девојчиња.
– Возбудена сум што добив шанса да го именувам астероидот, рече Вајдехи Векарија, која додава дека еден ден сака да стане астронаут, како и нејзината другарка Радика Лахани. Астероидот е првично наречен ХЛВ-2514, но ќе биде формално именуван дури по потврдата на НАСА дека се работи за новооткриено вселенско тело.
Астероидите и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници секоја година. Астероид потежок од Ајфеловата кула, 2013 година експлодираше над централна Русија. Во несреќата беа повредени повеќе од 1.000 луѓе.
