Училиштето во Лојане без вода за пиење – од чешмата е канцерогена, а од бунарот не е безбедна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Училиштето Рилиндја во кое учат ученици од селото Лојане и Ваксинце, нема вода за пиење. Директорот на школото Идриз Сулејмани истакнува дека водата која доаѓа преку водоводот не е безбедна а вели дека е загадена и водата од бунарот која понекогаш ја користат децата.

„Го немаме тоа што треба да го имаме како секое училиште штоима безбедна вода, ние немамае вода. Институциите кои ја надгледуваат оваа работа за водата во школото, 2-3 пати годишно ја контролираат водата, водата е канцерогена“, истакна Идриз Сулејмани.

Сулејмани вели дека од општина Липково ветиле дека во текот на годината ќе се реши овој проблем. Професорот Африм Зимери вели дека во водата има арсен а постои опасност таа материја да се влева во плодната почва.

„Арсен во водата има 50% повеќе од дозволеното според меѓународните норми. Многу од жителите на Лојане водата за пиење црпат од бунарите а таа вода содржи арсен кој предизвикува канцерогени болести. Пости опасност арсенот да се влева во плодната почва на исток на селото кои што жителите ги посеваат со разни култури“, посочи Африм Зимери.

Лекарот Бедри Велиу од ИЈЗ за ТВ21 рече дека водата не е за пиење поради високата содржина нитрати кои се канцерогени доколку се консумираат подолго  време.

„Последните анализи се направени на 29.12.2021. Оваа вода не била за пиење врз основа на анализите кои покажале дека било зголемено присуството на нитрати кои се дозволени до 50 мг/л а овде се 190 мг/л за што го известивме училиштето дека водата не е за пиење“, додаде Бедри Велиу.

Од општина Липково велат дека во тек се градежните работи за водоводот со цел учениците да немаат контакт со почвата и водата и да се користи водата од браната Липково. Во општина Липково е изградена пречистителна станица која чинела 1,1 милион евра и објектот за собирање на водата кој чинел 700 илјади евра.