Европската куќа на фудбалот УЕФА им испрати специјална покана до Кристијан Ериксен и лекарскиот тим кој му го спаси животот во дуелот со Финска, да присуствуваат на утрешното финале на ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија.
Данскиот репрезентативец доживеа срцев удар на првиот меч со Финска на 12. јуни, и лекарите го реанимираа на теренот.
Брзата интервенција на лекарите му го спасија животот, а тој потоа беше хоспитализиран во болница, со што му беше направена операција и му беше вграден дефибрилатор.
Уште не е познато дали Ериксен одговорил позитивно на поканата.
