УЕФА го пресели финалето на ЛШ од Истанбул во Порто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската куќа на фудбалот УЕФА одлучи финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи да се игра во друг град од првично планираниот.

Иако финалето беше закажано за во Истанбул на 29. мај, сепак, УЕФА реши да се игра во Португалија, во Порто на стадионот “Драгао“.

Оваа мерка доаѓа како резултат на фактот дека сите патници од В. Британија во Турција, ќе мора да минат задолжителен карантин по враќањето од таа земја во Британија. Исто така британската влада забрани и патување на навивачи на двата тима во Истанбул, што беше доволен сигнал за УЕФА да го премести финалниот меч.

Исто беше и минатата година, кога УЕФА одлучи завршницата од ЛШ да се игра во формат „Фајнл фор“ во Лисабон.