УЕФА: Минута молк за почит кон Марадона пред денешните фудбалски натпревари во ЛШ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Камион удрил во кабина на патарина, па побегнал

На 17.01.2021 во 13.20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај наплатна станица Демир Капија, товарно возило...

Кина стави во карантин три милиони луѓе откако асимптоматски трговски патник заразил стотици луѓе

Речиси три милиони луѓе се ставени под карантин во Кина по зголемен број случаи на коронавирус поврзани со трговски...

Денес 18-ти јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа еденешниов ден понеделник 18-ти јануари....

Пад на водостојот на поголем дел од реките

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи...

Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени...

Со едноминутно молчење ќе биде оддадена почит поради смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона денеска на натпреварите од Лигата на шампионите, соопшти УЕФА. Во Лигата на шампиони денска има осум натпревари.

Една од најголемите фудбалски легенди, поранешниот бразилски репрезентативец Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, изрази жалење за смртта на Диего Марадона.

„Дефинитивно ќе ја шутираме топката на небото заедно еден ден“, рече Пеле во кратката изјава дадена од неговиот претставник за британски медиуми.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона почина денеска на 60-годишна возраст како резултат на срцев удар, потврди неговиот адвокат.

Марадона се бореше со здравствени проблеми во последно време, а пред неколку недели беше подложен на операција за субдермален хематом на мозокот.