Угина нилскиот коњ Берта, омилениот жител на Зоолошката градина Битола.
Од таму велат дека Берта била омилена радост на најмладите гости повеќе од една деценија.
„Пред да се пресели во нашата ЗОО Градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше. Овој наш жител има свои потомци во ЗОО градините во Виена,Белград и Скопје. И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу, против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен. Тимот на ЗОО Битола веќе презема чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да стане дом на нов наш жител, нов пријател на нашите посетители“, велат од Зоолошката.
