Угостителите и индустријата за организирање на свадби, од денеска во 15 часот ќе протестираат пред Владата. По три дена протести на крстосницата во Автокоманда (петок, понеделник и вторник), од денеска ќе протестираат пред Владата.
Угостителите незадоволни од рестриктивните мерки од Владата, бараат протоколи за да можат да работат. Велат дека ќе протестираат додека не бидат исполнети нивните барања. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, бараат од таму.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција рече дека дејноста е опфатена со сите мерки, и дека е подготвен да се сретне со угостителите.
