Додека Владата носеше одлука за воведување полициски час, пред зградата, угостителите протестираа со барање да се отворат рестораните за свадби. Без ора, поздравување и со дистанца предлагаат да се организираат семејните прослави во ресторан.
„Ние сме свесни за епидемиолошката состојба во земјава и затоа во оваа прва фаза не сакаме да го загрозуваме здравјето на луѓето, туку само го бараме нашето легитимно право да работиме според протоколите“, истакна Лулзим Асани.
Тие се жалаат дека се уште не ја добиле помошта од петтиот економски пакет кој се уште не е изгласан во Собрание.
„Се уште нема најава кога ќе биде исплатена поддршката која што ни ја најавија за плати за февруари месец. Така да тоа ќе биде сериозен проблем дотолку се одолговлечи затоа што добро ја знаеме ситуацијата во нашиот парламент“, посочи Перица Голомејиќ.
Со оглед на состојбата со Ковид-19, засега не се очекува Владата да ги земе предвид овие барања. Од таму порачуваат дека за овие работи одлучува Комисијата за заразни болести.
