Угостителите со нетрпение го очекуваат автопатот Кичево – Охрид, одолговлекувањето на работите не беше штетен само за туризмот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите го чекаат завршувањето на автопатот Кичево-Охрид. И угостителите се надеваат тој да биде завршен што побрзо бидејќи како што велат, на тој начин ќе се зголеми туризмот во Струга и Охрид.

Блажески вели дека одолговлекувањето на работите на автопатот не му нанесоа штета само на домашниот туризам, туку застрашувачки е бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици додека се гради овој пат.

Пред една недела во делот на Ботун каде се работи на изградба на автопатот, ноќно време речиси и да не се забележувала патната сигнализација за работа на патот, при што во сообраќајна несреќа животот го загубија две млади лица од Кичево.