Николче Угринов, заменик директор на Македонски пошти, вечерва во Бизнис 21 на ТВ21 кажа во каква состојба е денеска Македонска Пошта.
Угринов рече дека во 2025 година, Пошта е во загуба од 5 милиони евра.
„Во 2025 ја завршивме со загуба од околу 5 милиони евра. И нема разлика со 2024 година. Таа загуба регенерира од месец во месец“, рече Угринов.
Околу доцнењето на пратките, Угринов рече дека не доцнат толку колку што е презентирано во медиумите.
„Има дневно поплаки од 10 граѓани, или месечно околу 240 поплаки“, изјави Угринов.
