УХМР најавува поројни врнежи – нестабилното време продолжува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за хидрометеоролошки работи издаде актуелно метео предупредување, со најави за нова серија врнежи и засилен јужен ветер. Според УХМР, во текот на ноќта и утрешното претпладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и можат да надминат 40 литри на метар квадратен за 24 часа.

Од Управата информираат дека ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што дополнително ќе влијае на нестабилните временски услови.

Метеоролозите предупредуваат дека под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд во следните денови.

Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, особено во подрачјата каде се очекува поинтензивен дожд.