Заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Абдуљ-Селам Селами, информираше дека од денес во УЈП почнуваат со работа 101 административец примени со Рамковен договор, според Програмата К-5 од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
„Од денес, за сите овие 101 вработен се отвора нова можност за нови предизвици за да се докажат професионално и да отворат други хоризонти во професионалниот живот. Посакувам со сите вработени да имаме добра соработка, гарантирајќи еднаков и коректен третман за сите“, напиша Селами на својот профил на Фејсбук.
