Укината визата и на чешката тенисерка – сместена е во истиот хотел во кој е Ѓоковиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На чешката тенисерка Рената Ворачова и е укината австралиската виза и таа е однесена во истиот хотел за имиграција каде што престојува и првиот и најдобар тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, објавија светските медиуми.

Ворачова веќе играше на турнирот во Мелбурн, но во четвртокот беше уапсена од членовите на австралиските погранични власти и однесена во хотелот Парк, пишува ABC.

Наводно и било кажано дека мора веднаш да ја напушти земјата, иако има право на жалба, како и Ѓоковиќ.

Се додава дека оваа 38-годишна Чехинка добила медицинско ослободување врз основа на фактот дека неодамна се заразила со коронавирус.

Истата информација ја пренесоа и АП и Би-Би-Си, повикувајќи се на локалните медиуми. АП наведе дека не може веднаш да добие потврда од Тениската асоцијација на Австралија и тамошното Министерство за внатрешни работи.

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, по објавувањето на веста дека му е одземена визата на Ѓоковиќ, изјави дека 26 лица поврзани со турнирот поднеле барање за медицинско ослободување и дека тоа било одобрено само од „малку“.

Освен Ѓоковиќ, кој го објави на социјалните мрежи пред да замине за Австралија, не се знае кој друг го добил ослободувањето. Меѓутоа, австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјус во петокот рече дека уште две лица се под истрага.