АМСМ соопшти дека од 15:50 часот е укината забраната за движење на тешки возила на превојот „Стража“. Беше воведена забрана во текот на денот поради големи врнежи од снег на превојот.
„Од 15.50 часот се укинува забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража“, соопштија од АМСМ.