Во Бизнис21 на ТВ21 вечерва гостуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со која дебатиравме на различни теми.
Околу укинувањето на зелениот картон, министерката рече дека тоа не е целта, затоа што такво нешто ќе значи и поголеми давачки при регистрација.
„Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не. А, целта на министерството е да ги заштити граѓаните од дополнителни давачки. Затоа бараме идеално решение со кое ќе бидат задоволни и граѓаните и осигурителните компании“, изјави министерката.