Украина ги нападна војниците од Северна Кореја во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина ги нападна севернокорејските војници за прв пат откако тие беа распоредени во руската погранична област, каде силите на Киев држат територија од август, според украински официјален претставник.

„Првите севернокорејски трупи веќе се најдоа на удар во регионот Курск“, објави во понеделникот без дополнителни детали Андриј Коваленко, шеф на украинскиот Центар за борба против дезинформации, кој е дел од Советот за национална безбедност и одбрана.

Северна Кореја испраќа околу 10.000 војници, вклучително и членови на елитните специјални сили, во Русија, што генералниот секретар на НАТО Марк Руте го нарече значителна ескалација во војната на Кремљ против Украина.

Русија го забрза својот напредок во источна Украина и ги засили напорите да ги потисне украинските сили од Курск, каде што започнаа ненадејна офанзива и зазедоа територија во август. Војниците на Кремљ ги одбија украинските контра напади во Курск, на околу 20 километри од градот Суж, важен центар за транспорт на гас.