Украина: Погодена четирикатна станбена зграда во Одеса, соборени 52 руски дронови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четирикатна станбена зграда во Одеса беше оштетена во напад со руски беспилотни летала во текот на утрото, објави началникот на воената администрација на Одеса, Олег Кипер.

„Како резултат на нападот, избувна пожар на фасадата на четирикатна станбена зграда. Спасувачите брзо го изгаснаа пожарот“, се вели во соопштението на Телеграм, пренесува Укринформ.

Според украинскиот функционер, во овој напад немало жртви или повредени.