Украина: Соборени речиси 360 руски дронови и шест ракети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинските воздухопловни сили денес објавија дека собориле 359 од 363 беспилотни летала и шест од осумте ракети лансирани од Русија во текот на ноќта.

Во соопштението се наведува дека нападот бил насочен кон малиот западен град Старокостјантинов, каде што се наоѓа важна украинска воздухопловна база, поради што градот е честа цел на руските воздушни напади, објавува Ројтерс.

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русите успешно извршиле три директни удари, додека осум биле погодени од ракетни фрагменти.