Утрово Украина загубила борбен авион Ф-16 по инцидент во авионот, додека пилотот безбедно се катапултирал, соопшти украинската воена авијација.
„Според прелиминарните податоци … во авионот се случила необична ситуација. Пилотот го оддалечил авионот од населените места и успешно се катапултирал“, се наведува во објавата на платформата Телеграм.
Воздухопловните сили известија дека пилотот е добро. Се наведува дека падот не е резултат на руски оган и дека е назначена комисија која ќе ги истражи сите околности на инцидентот.
Ова е второ соборување на Ф-16 откако Киев минатата година почна да прима борбени авиони од американските сојузници како дел од програмата одобрена од администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.
Кон крајот на август 2024 година, Ф-16 се урна, а неговиот пилот загина додека одбиваше голем руски воздушен напад. Украина не го открива бројот на авиони што ги добила.
