Украински министер доби притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судот во Украина му одреди притвор на министерот за земјоделство, Микола Солски поради тоа што е обвинет дека е вмешан во купување на државно земјиште во вредност од 7 милиони долари. Судијата му одреди кауција на Солски која изнесува 1,9 милиони долари.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека Парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат на сослушувањето вчера рекоа дека тој нема корист од таквата шема. Солски по ова обвинение може да се соочи со затворска казна до 12 години.