Улица “Нутела” во Чаир! Децата извалкани од кал одат на училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата од населбата Дижонска во Чаир, улицата на која што играат ја викаат “нутела улица”, затоа што е неасфалтирана и преполна со кал.На оваа улица живее и дедо Имер Куртиши кој имаа 100 години. Него го затекнавме како оди во џамија.


“Чорапите не ги облакам дома затоа што ќе ги извалкам теписоните во џамија.


Но, и возилото едвај го вози.


“Во кал сме, кога влегуваме во двор. Секој час се капеме. И вода немаме но ете со калта уште полошо.Дај Боже да се промени состојбата.


Вистински предизвик е за родителите кои ги носат нивните деца на училиште. Ридван Асани го затекнавме како го носи неговиот син во градинка.


Калта ни влегува во домовите. Има една година откога е ископано и оставена вака. Тешко е за нашите деца? Децата мора да ги носиме на раце да ги внесеме во возилата за да не се извалкаат.


Освен улицата друг проблем е водата, често пати немаат вода.


“Улицата како што може да видите целата е со кал. Кога врне ни е најтешко. Калта ни влегува во дворовите. Катастрофа е.


Од општина Чаир велат дека прокетот за улица 13 е готов, избран е и економскиот оператор за реализација на работните активности.


“Чекаме од Водовод и Канализации да ги поврзе со новата водоводна мрежа за на крај ние како општина да ја асфалтираме улицата.
Од Водовод и канализации велат дека наскоро ќе завршат работните активности за поврзување на водоводната мрежа.