Улицата „Егејска“ во Кичево неасфалтирана, барањата на жителите од 2010 година не наидуваат на слух

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оваа неасфалтирана улица се наоѓа во населбата Егејска во Кичево. 100 метарската улица во оваа населба не е никогаш асфалтирана иако жителите барале такво нешто уште од 2010.

Улицата се искривува од ден на ден и ако не се интервенира оваа улица ќе се стесни и 10 семејства кои живеат овде ќе бидат блокирани, велат жителите.

Со есента и зимата проблемот на жителите се влошува се повеќе, не можат да поминуваат со автомобил, а ни такси не доаѓа до таму. Тие велат дека доколку им треба нешто во ова кризно време ниту брза помош не може да се искачи до горе, ќе треба пациентите на раце да ги носат до долу.

ТВ21 неколку пати по ред се обиде да контактира со шефот на секторот за комунална дејност, инфраструктура, сообраќај и ефикасна енергија во општина Кичево, Сејди Абази во врска со оваа улица, но ода таму не добивме одговор.

Пред извесно време градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека до крајот на мандатот ќе ги направи сите улици и улички во Кичево.

„Со оваа динамика ќе успееме да ги заокружиме сите улици и улички на територијата, до крајот на мандатот.“, вели градоначалникот Дехари.