Улицата „Хасан Приштина“ останува нерешена „дупка“ – бизнисмените бараат што побрзо решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индустриската улица „Хасан Приштина“ во Визбегово останува само проект за кој се ветува со години. Иако е една од главните артерии на Скопје што се поврзува со делниците каде се наоѓаат бизнисите од оваа индустриска зона, низ која минуваат многу автомобили, но и на граѓаните кои секојдневно минуваат од овде, се уште нема конкретен проект за нејзино проширување.

„Стара улица со многу дупки, иако со две коловозни ленти, улицата во Визбегово недоволно широка за да одговори на густиот сообраќај и потребите на бизнисите кои се наоѓаат во оваа индустриска зона која го поврзува Скопје со Косово. Властите молчат и не кажуваат овој проект кога ќе биде достапен за целосна рехабилитација“, вели репортерот на ТВ21.

Бизнисмените велат дека се соочуваат со тешкотии при транспортот на стоки и услуги. Тие бараат властите што поскоро да започнат со проширување на улицата во четири ленти за целосен пристап.

Од Град Скопје немаат предвидено капитален проект за оваа година за целосна реконструкција на улицата „Хасан Приштина“. Една од советничките на Град Скопје упати апел за подобра соработка меѓу општините.

„За патот до Визбегово, тој пат да се реконструира и санира, имаме некои средства кои се предвидени, но нормално се очекува и меѓуопштинска соработка меѓу општина Бутел и Град Скопје. „Доколку имаме таква соработка, мислам дека патот ќе биде целосно саниран и жителите на Визбегово, поточно општина Бутел, ќе го користат за свои потреби“, вели Незране Рустеми.

Инаку, според надлежните, на овој патен правец дневно минуваат околу 25.000 возила и редиците се долги. Исто така, Град Скопје веќе 4 години не може да ја доврши раскрсницата кај кружниот тек кај „Момин поток“, со што и булеварот „Никола Карев “ остана на половина, булевар што требаше да се поврзе со „Хасан Приштина“ и да води кон границата кај Блаце.