„Улицата на смртта“ одзема животи, жителите на Трубарево бараат помош од државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улицата на смртта. Вака ја нарекуваат жителите на Трубарево улицата низ која минуваат секојдневно. Улицата е права, а несовесните возачи возат со голема брзина. Жителите велат дека еден автомобил кој  се движел  со над 160 км/ч, минатата недела,  изгубил контрола при што  животот го загуби 10 годишно дете и лице на возраст од 40 години. Тие стоеле на тротоар кога биле прегазени. Жителите веќе изгубија трпение и излегоа на протест.

„Не е само Идриз Керими и Ватон Битиќи. Тука е и Абиб Велиу и Рамиу, четири лица го загубија животот на оваа улица“.

–Имало ли и порано вакви инциденти?

„Да, имало и порано, над 20 повредени, овде околу мене има лица кои биле повредени и татко ми беше повреден на оваа улица“.

Жителите бараат да има зголемено присуство на полиција на оваа улица, да има радар, да се контролира почесто улицата за да се подигне свеста кај возачите.

Според соопштенијата на МВР во последните два дена во Скопје 151 возач ја надминал дозволената брзината на движење со автомобил.