Со хартија во раце и ножици. Толку му е потребно на Арбен за да направи уметничко дело на улица.
Иако го има завршено Факултетот за уметност, себе си се нарекува „стрит артист“ и својата професија ја врши во повеќе градови.
„Ние сме улични уметници, со ножици го создаваме вашиот профил за една минута како спомен. Кој сака плаќа, зависи од можностите. Да, месечна плата колку да се помине месецот. Понекогаш и повеќе“, вели Арбен Ејупи.
Предраг Тасиќ, е автодидактен уметник. Иако по професија е правник, уметноста е негов секојдневен дел веќе 50 години. Иако е пензиониран сепак не може да седи без да работи бидејќи, како што вели тој, иако има 70 години се чувствува многу креативен.
И Предраг и Арбен велат дека уметноста кај нас не е многу ценета и затоа профитот не е толку висок, сепак, работата ја вршат со љубов и тоа им е повредно од се.