УНЕСКО бараше „Буково“ да се затвори до 2020 година, регионалната депонија кај Новаци остана надеж за спас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Депонијата Буково кај Охрид останува еден од најголемите проблеми за овој град. Често може да се види како гори, а речиси постојано има чад. Решението за овој проблем и преместувањето на депонијата е изградбата на регионалната депонија во Новаци, за која проектот сѐ уште не е реализиран, иако долго време се зборува за овој проект.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, очекува изградбата на депонијата да започне напролет и да биде завршена за четири до пет години.

Покрај жителите, за овој проблем реагираат и организации за заштита на животната средина. Од организацијата О2 велат дека депонијата „Буково“, која е во близина на Охрид и Преспа, често гори и испушта чад. УНЕСКО во 2017 година побара депонијата да биде затворена до декември 2020 година, но сѐ уште ништо не е преземено. Оваа депонија нема да биде затворена во догледно време.

Проблеми со депониите имаат и други градови како Струга, Кичево, Охрид.