Унгарија нема да го имплементира мигрантскиот пакт на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на Европската унија (ЕУ), изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан, како што е наведено во објавата на портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на платформата Х, го обвини Брисел за злоупотреба на моќта.

„Брисел нè казнува затоа што ги браниме нашите граници. Но, нивните неправедни казни нè чинат помалку од пуштањето на мигранти“, рече Орбан.

Тој рече дека одлуката на Унгарија да не го имплементира пактот за мигрантите е отворен бунт и нагласи дека на тој став се приклучуваат и други европски земји.

„На Европејците им е преку глава од се. Време е да им помогнеме да се спротивстават“, рече Орбан.