Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарската влада објави дека се повлекува од Меѓународниот кривичен суд.

Гергели Гуљас, висок функционер во владата на премиерот Виктор Орбан, го објави потегот неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – по кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење – пристигна во земјата во официјална посета.

Орбан му се јави на израелскиот лидер штом беше издадена наредбата минатиот ноември, велејќи дека одлуката „нема ефект“ во Унгарија.

Во ноември, судиите од Судот рекоа дека има „разумни основи“ да се верува дека Нетанјаху сноси „кривична одговорност“ за наводните воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас. Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд како „антисемитска“.

Унгарија е една од основачките членки на Меѓународниот кривичен суд, кој има 125 земји-членки. Соединетите Американски Држави, Русија, Кина и Израел не ја признаваат нејзината јурисдикција, како и некои други земји.

Судот има овластување да гони лица обвинети за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства на територијата на државите потписнички на Римскиот статут, неговиот основачки договор.