Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје, вели Шукова

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во денешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Каја Шукова вели „Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје“.

-Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје, особено на повозрасните. Да не го заборавиме Златно Славејче, сите манифестации и концерти коишто се одвиваа во Универзалната Сала. За жал префрлањето на топката од Градот Скопје дека ќе ја направи Универзалната Сала, па после ја превзема државата, па се случи пожарот којшто го стопираше процесот, па сега гледаме година и пол. Јас не можам да добијам информација што се случи во оваа година и пол откако имаме нова власт, вели Шукова.

Погледнете го целосно видеото: