Употребата на нуклеарно оружје е неоправдана, вели Гутереш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на ОН, Антонио Гутереш денеска посочи дека употребата на нуклеарно оружје е неоправдана.

Генералниот секретар ќе рече дека светот се соочува со трагедија за Украина, но и со голема регионална криза со „потенцијално катастрофални“ импликации.

Тој ја опиша одлуката да се стават руските нуклеарни сили во висока готовност како „застрашувачки развој“ и дека идејата за нуклеарен конфликт е „едноставно незамислива“.

„Ништо не може да ја оправда употребата на нуклеарно оружје. Се соочуваме со она што лесно може да стане најлошата хуманитарна и бегалска криза во Европа во последните децении, при што бројот на бегалци и внатрешно раселени се множи од минута во минута“, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, пренесува Би-Би-Си.