УРАГАН ДЕЛТА: Најмалку 27 загинати во Луизијана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 27 лица загинаа откако ураганот Делта го погоди копното во американската држава Луизијана, по што ослабна во тропска бура.

Ураганот го погоди американското копно во Мексиканскиот Залив, на само 15 километри од местото каде удри ураганот Лаура минатиот месец.

Националниот центар за урагани, со седиште во Мајами, објави дека ураганот брзо слабее и дека се движи кон внатрешноста на Соединетите држави.

Утрово, максималниот ветер што го носи невремето беше до 60 километри на час.

Метеоролозите велат дека бурата се насочува кон север кон државите Мисисипи и Тенеси.

Во Луизијана и соседен Тексас денес околу 600 000 домови и продавници останаа без електрична енергија, а 40 000 во Мисисипи.

Ураганот Делта зад себе остави скршени дрвја и искинати покриви, предизвикувајќи дополнителна штета во областите кои сè уште ја санираат штетата од ураганот Лора.