Ургентен центар во Кичево остана без струја! (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на вечерва Ургентниот центар во Кичево остана без електрична енергија. ТВ21 се упати на лице место и затекна темница низ ходниците на центарот.

Сите пациенти се упатени кон други ординации. Екипите излегоа на терен и работеа на отстранување на дефектот.

Директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами вели дека проблемот ќе биде саниран.