Ушлиновска: Агенциите за недвижности мора да се лиценцираат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фросина Ушлиновска, претставник на Групацијата за недвижности при Стопанската комора, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 нагласи дека агенциите за недвижности во Македонија мора да бидат лиценцирани за да се обезбеди ред и професионализам на пазарот.

„Како во Хрватска и Србија, и кај нас треба да имаме закон за промет на недвижности кој ќе ги регулира сите играчи на пазарот и нивните односи. Секоја агенција треба да има лиценца и да одговара пред законот за својата работа,“ истакна Ушлиновска.

Таа посочи дека во моментов постојат над 200 субјекти кои се регистрирани како агенции за недвижности, но не сите се лиценцирани и немаат професионален кредибилитет. Според неа, лиценцирањето ќе овозможи агентите да даваат квалификувани совети за цени и трансакции, а пазарот ќе стане поредовен и заштитен од злоупотреби.

„Сега има многу нестручни лица на пазарот кои даваат совети. Со лиценцирање ќе се постават реални граници и пазарот ќе се исчисти,“ нагласи Ушлиновска.