Уште 22 лица ја загубија битката со Ковид-19, најмладиот на 27 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште 22 лица ја загубија битката со коронавирусот, од кои 10 се од Скопје.

Вкупниот број на починати во нашата земја од почетокот на пандемијата се искачи на 2.946 лица.

Најмладиот пациент кој ја загуби битката е на 27 години од Демир Капија, а од коронавирус почина и 32-годишен пациент од Скопје.

„Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се 10 пациенти од Скопје (71г,64г,79г,84г,32г,73г,81г,67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г)  и по еден смртен случај од  Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.“, се вели во извештајот од Министерството за здравство.