Уште 30 дена притвор за Нефи Усеини за тепачката пред хотел во Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Основниот суд Охрид изрече мерка притвор од 30 дена за Нефи Усеини и неговиот брад Ибраими за тепачката пред хотел во Охрид. Мерката е изречена поради постоење можност за бегство. Претходно на двајцата им беше изречен осумдневен притвор, кој почна од 26 август, откако сами се предоа.

Браќата Усеини понудија гаранција од 30 илјади евра да бидат пуштени да се бранат од слобода, што беше прифатено од Охридскиот суд, но Апелацискиот суд во Битола ја одбија гаранцијата.

Усеини се гонат за тепачката со Спире Топаловски, кој на 8 август пријави во полиција дека пред хотел во Охрид бил нападнат и тепан со пиштол, а потоа го смени исказот и рече дека му се причинило за пиштолот.