“Уште денеска да седнеме и да најдеме решение со лидерите на партиите за избори, во спротивно следува длабока политичка и безбедносна криза”, рече Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање до јавноста истакна дека е најголема заблуда дека вонредната состојба е прекината поради изборите.

Порача лидерите на најголемите партии уште денеска да седнат и да се договорат за датум за избори.

„Апелирам до лидерите на политичките партии, уште денеска да седнеме и да најдеме заедничко решение за избори, во спротивно следува уште подлабока политичка и безбедносна криза“, потенцираше Пендаровски.