Уште двајца починати од Ковид-19 во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на ноќта регистрирани се два нови смртни случаи од Ковид-19 во Србија.

Станува збор за 80-годишен маж кој бил хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести, и во последните неколку дена бил на респиратор. Боледувал и од неколку болести претходно.

Втората жртва е 62-годишна жена од Ниш, која исто така била на респиратор, која имала неколку хронични заболувања.