Уште еден ден отворен онлајн саемот за вработување – над 500 позиции во 130 компании од Македонија и од регионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

130 компании од Македонија, Србија, Босна, Хрватска и Словенија нудат над 500 работни места во рамки на најголемиот регионален онлајн Саем на вработување кој ќе се одржува до 20 октомври и достапен е 24 часа. На огласите можат да конкурираат и оние со работно искуство и оние без работно искуство. Економисти, правници, професори по одделенска настава по македонски и албански јазик, психолози или вкупно 135 605 невработени активни баратели на работа се евидентирани во АВРМ заклучно со 30.09.2021 година.

28 550 лица се на возраст до 29 години
54 654 лица се на возраст од 30 до 49 години
52 401 лице на возраст од 50 години нагоре.

-Со состојба на 30.09.2021 година во АВРМ по основ на прилив од работен однос евидентирани се 16 215 вработени лица, за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година односно во периодот на кризата предизвикана од вирусот Ковид 19-рече Бојана Стевчевска.

Во АВРМ на дневна основа се активни околу 6000 слободни работни места и за време на Ковид криза. Покрај професијата на новото време програмер, мошне барани се и следните професии бравар, ѕидар, заварувач, монтер, пекар.

-Податоците за одјавени слободни работни места покажуваат дека и во услови на Ковид криза работодавачоте имаат потреба од работници од различни занимања. Врз основа на огласените пријави работодавачите искажале потреба од следните занимања:програмер, информатичар, комерцијалист, администратор, административен службеник, продавач, шивач, келнер, готвач, армирачки работник и општ работник-рече Стевчевска.

94 фирми се на листата на деловни објекти во стечај на страната на Централен регистар на Република Северна Македонија од почетокот на годинава до 4-ти октомври.