Уште една сообраќајна несреќа со смртни последици се случи во близина на ТЦ Чаирчанка во скопски Чаир. Околу 10.15 часот според извештајот на Министерството за внатрешни работи на Булеварот „Цветан Димов“, во несреќата учествувале три возила, каде што се сомнева дека автомобилот удрил во комбе, кое потоа удрило во камион пред него.
„Според очевидците, комбето било паркирано во коловозната лента и истоварувало стока за супермаркет во близина, кога автомобилот удрил во него, кој бил паркиран а возачот на автомобилот ја изгубил свеста во тој момент, додека медицинскиот персонал на местото на настанот констатирал смрт на 75-годишниот маж“, вели репортерот на ТВ21.
„Учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од М.Д.(75), паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски таблици, претходно управувано од Х.И. кое пак по сила на ударот се придвижило и удрило во паркирано товарно возило „ман“ со скопски регистарски таблици, претходно управувано од Л.С. Во тек е увид на местото на настанот, под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје“, велат од МВР.
„Ова е една од критичните точки во сообраќајот каде за 24 часа се случија две сообраќајни несреќи каде животот го загубија 2 лица. Скалите од надвозникот со железна конструкција малку се употребувани и не е доволна ниту бетонската барикада која е поставена на средина на булеварот за да спречи вакви несреќи каде пешаците минуваат каде ќе стигнат“, додава репортерот на ТВ21.
„Се случуваат, и ќе се случуваат и во иднина, ова никогаш нема да се среди вака како што оди. Што треба да се преземе? Овде виновна е државата и општината“, вели граѓанин
„Како што гледате сообраќајот е многу густ, има многу автомобили. Овој надвозник е добар но има стари лица и деца на кои им е тешко да се качат по скалите и единствен излез им е да поминат овде долу каде што е отворено, иако е за пешаци за жал се случува ова“, додава граѓанин.
Инаку, синоќа, околу 2:30 часот по полноќ, на истата локација се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Пијаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје, и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Мотоциклистот починал на местото на настанот од повредите, а неговата смрт ја констатирала Итната помош. Во меѓувреме, 14-годишникот се здобил со повреди кои биле потврдени во Ургентниот центар при Комплексот клиники Мајка Тереза. Обвинителот, кој извршил увид на лице место во близина на трговскиот центар Чаирчанка, известил дека 16-годишникот го управувал возилото без возачка дозвола и без заштитен шлем, како и со брзина над дозволеното.